Полициската акција во текот на вчерашниот ден предизвика долги колони на граничните премини. На граничниот премин Блаце се чекаше по неколку часа. Како при излез исто и при влез во земјата долгите колони траеја до полноќ. Полициските единици ги контролираа детално сите автомобили и тоа беше причината поради која се чекаше долго.
„Се наоѓаме во неутралната зона на граничниот премин меѓу Македонија и Косово, каде вообичаено во текот на викендите има долги колони. По еден час чекање на излезот од Македонија, исто беше и во другата зона, имаше колона, каде граѓаните планирале од Косово да дојдат во Македонија за да го поминат овој викенд“, вели репортерот на ТВ21.
Исто така, поради полициската акција и Арачиново беше опколено со полиција. Полициските единици сè уште имаат поставено пунктови на излезот од селото, но и на граничните премини низ целата земја.
„На влез-излез од селото Арачиново се уште стојат пунктовите на полицијата со тешка артилерија и вооружени припадници на Единицата за брза интервенција а според полицијата акцијата се уште е во тек“, вели репортерот на ТВ21.
Од МВР соопштија дека неопходно било да се затворат граничните премини за да се избегне бегство на осомничените. Униформираните припадници на полицијата но и цивилни полицајци се уште се на терен.