Од 16 колку што беа вкупно, сега само два автобуси со број 23 сообраќаат на линијата од Синѓелиќ до градот. Граѓаните од ова подрачје велат дека недостигот од автобуси е забележливо, а денеска дојдоа како поддршка за приватните превозници за да и испратат порака на градоначалничката на Скопје за нивните маки.
„Нема автобуси. По еден автобус на секој час или два во Синѓелиќ. Што да правиме ние по два часа надвор, да се разболуваме? Исто и Арачиново, таму дури и по 3 часа нема автобус.“
Претставниците на приватните превозници на денешниот протест рекоа дека добиле покана од градоначалничката на Скопје за решавање на проблемот.
Инаку, во Градот Скопје веќе три месеци не сообраќаат приватните автобуси, туку само тие од ЈСП, што предизвика многу линии од двоцифрена бројка да паднат на едноцифрена.