Граѓанска обврзница ќе се издаде во јуни – колку постои веројатноста за да се злоупотреби за перење пари?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за финансии планира да обезбеди 50 милиони дополнителни приходи во буџет од граѓанска обврзница која ќе се издаде во јуни. Но колку може оваа обврзница да се злоупотреби за перење пари.

По најавата на Министерот за финансии, Фатмир Бесими, имаше многу реакции дека со ова државата им конкурира на банките. Ангеловска Бежеска смета дека вредноста на граѓанската обврзница е многу ниска за разлика од банкарскиот потенцијал.

Според тоа што го најави Министерството за финансии, со оваа граѓанска обврзница начелно нема да се финансираат нејзините дополнителни трошоци, бидејќи истата веќе е инкорпорирана во буџетот, а нуди алтернативна можност за граѓаните за инвестирање. Средствата кои ќе се обезбедат преку овој инструмент се планираат да се користат за капитални проекти.