Грашок – храна богата со растителни влакна и протеини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Честопати запоставена храна, а многу здрава, и што е важно, достапна во текот на целата година.

Без разлика дали свеж или замрзнат, грашокот е една од важните нутриционистички намирници, особено за луѓето кои се одлучуваат за претежно растителна диета.

Зошто грашокот е потценет?

Половина чаша грашок содржи четири грама влакна, четири грама протеини и витамини А, К и Ц.Содржи 11 грама јаглени хидрати, а половина чаша има само 62 калории.

Количината на растителни влакна и протеини е многу поволна, а оние кои сакаат да изгубат вишок килограми се свесни колку влакна им помагаат во тоа.

Препорачаната дневна доза на влакна за мажи е 38 грама, а за жените 25 грама, а повеќето луѓе не успеваат да ја консумираат таа количина во текот на денот. Грашокот може да биде корисен овде, пишува Eat This Not That.

Покрај тоа, четири грама протеини во половина чаша од овој зеленчук е скоро еднаква на количината што ќе ја добиете од едно поголемо јајце што содржи пет грама протеини, а истата количина е содржана и во една лажица путер од кикирики. Ова е особено важно за оние кои се потпираат на растителни извори на протеини во нивната исхрана.

Во диетата може да се користи за разни видови супи, пире, како додаток на јадења со месо, а за време на празниците, руската салата не може да се замисли без оваа храна.