Грчка крајбрежна стража: Двајца мигранти пронајдени мртви на плажа на островот Родос

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Телата на двајца мигранти, маж и девојка, беа пронајдени денес на плажата Маврос Кавос на грчкиот остров Родос, соопшти грчката крајбрежна стража.

Тие биле дел од група од 12 мигранти кои тргнале од Турција со надувувачки чамец, објавува „Катимерини“.

Според локалните медиуми, шверцерите ги оставиле на море, во близина на брегот на Родос.