Неколку десетици луѓе ја минаа патеката долга два километра со маски на лицето, бргу одеа или трчаа. Потоа, тие го измерија нивото на кислород и јаглерод диоксид во крвта, кои беа во границите на нормалата.
Противниците на задолжителното носење маски шират неточни тврдења дека е лошо за здравјето и го отежнува дишењето кај луѓето.
Лекарите, специјалисти по пулмологија, сакаа да докажат дека не се во право.
Пулмологот Ираклис Титопулос за Асошиејтед Прес изјави по состанокот дека маските, заедно со социјалната дистанца и личната хигиена, се единствената мерка за заштита од коронавирус.
„Никогаш не би поверувал дека толку голем дел од населението ќе негира нешто што е толку очигледно“, рече Титопулос.
Грција забележа скок на бројот на новоинфицирани со вирусот од почетокот на август, но нема смртни случаи.
Од досега потврдени 19.300 случаи на инфекција во Грција, речиси 80 проценти се регистрирани од почетокот на август.
