Грејната сезона во Тетово започна пред еден месец поради ниските температури. Во меѓувреме, воздухот во Тетово и околината сè повеќе се загаден. Онлајн-податоците за мерењата на квалитетот на воздухот покажуваат дека Тетово се движи на границата на дозволениот квалитет. Еколошките здруженија истакнуваат дека Тетово нема еколошки акциски план, кој треба да се подготвува на секои пет години, додека годишните планови, како што велат, се прават само формално.
-Врз основа на акцискиот план се изготвува и годишниот план, врз основа на потребите и проблемите што ги има градот. Но, за жал, и овие процедури се прават само за да се завршат законските обврски, додека на терен не се гледа ништо. Наједноставната мерка што може да се преземе е миењето на улиците, бидејќи поради проблемите со PM2.5, моментално тие се многу по-концентрирани и поштетни отколку порано PM10, вели Елмедина Абдуллау, активистка за заштита на животната средина.
Од друга страна, од Општина Тетово велат дека веќе имаат краткорочен план за периодот ноември 2025 – март 2026 и преземаат конкретни активности.
-Комуналниот инспекторат за животна средина во Општина Тетово, согласно краткорочните планови и препораките за чист воздух, ќе ги зголеми активностите на терен во текот на грејната сезона. Во наредните недели ќе спроведуваат почести контроли во сите фирми, фабрики за мебел, работилници и автомеханичари. Целта е да се провери функционирањето на филтер-уредите и почитувањето на законите за заштита на животната средина, вели Бесарата Рамадани, портпарол на општина Тетово.
Од општината додаваат дека веќе излегле на терен да контролираат дали овие работилници користат гуми и масла за да се греат, и доколку се утврдат такви случаи, ќе бидат преземени законски мерки.
