Грците протестираат пред амбасадите на САД и Израел во Атина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Повеќе од илјада демонстранти маршираа пред амбасадите на САД и Израел во Атина во знак на протест против нападите врз Иран, објави Ројтерс.

Демонстрантите, претежно поврзани со Грчката комунистичка партија, носеа транспаренти и плакати на кои пишуваше „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“.

Грција вчера ја зголеми безбедноста во поморската база Суда на островот Крит, стратешки објект за САД во источниот Медитеран.

Амбасадите на САД и Израел беа опкружени со редови сини полициски автобуси.

Полициски извори проценуваат дека бројот на демонстранти е повеќе од 1.300.