Првиот вицепремиер, Артан Груби одговори на прашањата на неговиот сопартиец и пратеник на ДУИ, Изет Меџити. Всушност само едно прашање доби одговор.
На првото прашање кое се однесува на индустриската зона во Визбегово, Меџити не доби одговор, бидејќи како што пишува во одговорот на Груби, ова „не е во надлежност на Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците“.
Нејасно останува зошто Груби се произнесе во улога на министер, а не како прв вицепремиер на Владата – највисок претставник на интегративците во Влада, како што му се обрати Меџити на 30 декември.
-Неколку теми кои овојпат се поврзани со извршната власт на ДУИ, делот на ДУИ, на чело со г.Груби-вели Меџити.
За разликата од првото, второто прашање кое се однесува на рамноправната застапеност во приватните претпријатија и систематизацијата на административците доби одговор.
-Потребен е посериозен третман кон нив. Најпрвин треба да им се признаат факултетите, а потоа да трчаат да ги систематизираат-рече Меџити.
Во одговорот на Груби за ова прашање пишува дека „во владината програма е предвидено Владата да го повика и охрабри бизнис секторот, домашните и странските компании да ги поддржат добрите меѓуетнички односи и вредности на толеранција, застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини“, а во врска со вработените, Груби со одговор дека „сите вработени кои ги исполнуваат законските услови, им е призната дипломата за завршено високо образование и се унапредени пред да се распоредат во други институции“.
-Трето, имавме неколку точки во првите 100 дена од Владата, ветувањата на ДУИ, но не е добро што ниту едно од овие ветувања, не е реализирано-вели Меџити.
Ниту ова прашање не беше удостоено со одговор од Груби, бидејќи, како што пишува „во третото прашање поставено од пратеникот, не гледаме прашање, туку констатација“.
Од датумот кој фигурира на документот, може да се забележи дека одговорите се испратени на 19 јануари, последен ден од предвидениот рок за доставување писмен одговор на пратеничките прашања.
