Груби: Немаме контакти само со Левица и нема ни да имаме

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска во изјава за медиумите истакна дека тие како партија немаат преговори само со политичката партија Левица.

„Немаме контакти само со Алтернатива, туку имаме и со Беса, Алијанса за Албанците, ВМРО-ДПМНЕ. Немаме контакти апсолутно само со Левица и нема да имаме“, порача Груби.

На новинарско прашање околу тоа колку пратеници ќе се приклучат во владејачкото мнозинство, Груби посочи дека сите пратеници кои што се определени да ја видат државата зачленета во Европската Унија, ќе дојдат во парламентарното мнозинство.