Груби: Сакаме Вашингтон директно да помага во дијалогот Скопје – Софија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува првиот вицепремиер, од редовите на ДУИ, Артан Груби.

Со Груби разговаравме на актуелни теми, меѓу кои и спорот со соседна Бугарија.

Груби вели дека сакаат Вашингтон директно да помага во дијалогот Скопје – Софија.

„Ние би сакале официјален Вашингтон да даде директна помош во дијалогот меѓу Скопје и Софија, со цел надминување на билатералниот спор што го имаме. Ова сме им го посочиле и на американските власти. Се надеваме, но и убеден сум дека САД има стратешки интереси за да и помогне на РСМ да ги почне преговорите со ЕУ“, рече Груби.