Груби: Сега сме едно со СДСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Веднаш по изборот на новата Влада, новиот прв вицепремиер Артан Груби се заблагодари на граѓаните и на пратениците за довербата. Тој порача дека сега се едно со СДСМ.

„Сакам да му порачам на Заев дека од денеска сме едно со СДСМ“, рече Груби.

Оваа доверба ќе биде оправдана, рече Груби по изборот на новата Влада во која тој покрај функцијата вицепремиер ќе го предводи и Министерството за политички систем.