„Одговорот на предизвиците со кои се сочувала и ќе се соочува Македонија можат да го дадат добри политичари, луѓе со чувство, визија, кои знаат што прават и напорно работат да ги исполнат целите кои си ги имаат поставено“, порача премиерот Никола Груевски на отворањето на политичката академија „Јакнење на капацитетите на младите и жените во политиката”.