Груевски отворил фирма во Будимпешта

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешниот македонски премиер во бегство во Унгарија, Никола Груевски, основал фирма со седиште во Пецел, предградие на Будимпешта, пишуваат 24.ху.

Порталот открива дека Груевски отворил приватен бизнис во Унгарија. Неговата фирма ИЦИЦ Кфт, е регистрирана во Пецел, предградие на Будимпешта на 15 јули и тој е директор и основач на компанијата. Нејзина главна активност е бизнис менаџмент и бизнис консалтинг, но фирмата се занимава и со продажба на големо на порцелан, стаклени производи и производи за чистење. Иако се знае дека Груевски живее во Унгарија, тој ја дал скопската адреса како седиште, а адвокатот Каталин Хорнјик е регистриран како овластен правен застапник, пишува порталот.

Регистрацијата на фирмата со сите овие трговски можности го чинела Груевски околу 8.350 евра.

На Груевски азилот во Будимпешта му истекува во октомври.