Пандемија, онлајн наставата, штрајкот на наставниците па се до дојавите за бомби, се дел од главните настани кои и претходеа на генерацијата која годинава го заврши средното образование. Тоа беа едни од главните причини зошто учениците побараа и олеснување на државната матура, изјави претседателот во заминување на Сојузот на средношколци, Лука Павиќевиќ.
Губењето часови беше причина за олеснување на државната матура, но не и за препишување. Павиќевиќ истакна дека за оваа состојба виновни не се само учениците, туку целиот образовен систем. Поради ова причина, новоизбраниот претседател на Сојузот на средношколци, Берин Мухамед, рече дека ќе продолжи со напорите за заштита и унапредување на правата на учениците.
Од Сојузот на средношколци оценуваат дека тие се единственото активно средство кое го вреднува и го поставува образованието како најважен сегмент за правилно функционирање на државата и општеството и се трудат да го унапредат по секоја цена.