-Студентите од Универзитетот Мајка Тереза немаат јавен транспорт, за да стигнат до факултет мораат да доаѓаат со приватни автомобили, а друг проблем е и оваа улица низ која поминуваат секој ден бидејќи нема ниту тротоар“, вели репотерката на ТВ21.
Ова е патот по кој треба да поминат студентите за да стигнат до Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.
Ѓубре насекаде…
Нема ниту тротоари, што ги става во опасност да бидат удрени од автомобили.
Студентите мораат да пешачат и низ отпадни води бидејќи оваа населба нема ни канализација.
Се шири лоша миризба која те остава без здив.
Делот кој има тротоар е блокиран со паркирани возила, а има вага на која се мерат железни делови за продажба.
Студентот Арбнор Малиќи вели дека УМТ е единствен албански универзитет во Скопје и изразува чудење зошто не се решава оваа ситуација.
-Реално, проблемот со патот и транспортот е проблем кој секојдневно не мачи како студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“, бидејќи немаме јавен превоз кој не носи до Универзитетот, но другиот проблем е предизвикан од патот зад нас, кој нема организиран урбанистички план, а немаме тротоари по кои да одиме. Секојдневно наидуваме на потешкотии да дојдеме до Универзитетот.“, рече Малиќи.
ТВ21 чека одговор од Комунална хигиена и општина Чаир зошто не се чисти сметот и зошто патот нема канализација и тротоари!?
Инаку, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов додека беше на власт, на американската амбасада и презентираше проект со кој се предвидуваше продолжување на улицата Џон Кенеди со 4 ленти и тротоари, но со доаѓањето на Данела Арсовска, се чини дека проектот е тргнат настрана.