Гуџуфи за ТВ21: Мојата цел е да играм за Манчестер Сити

НАЈНОВИ ВЕСТИ

17-годишниот Бесар Гуџуфи е фудбалски талент од Македонија кој успеа да потпише петгодишен договор со турскиот гигант Бешикташ.

Според информациите од Турција, овој клуб за него платил 500.000 евра, а Гуџуфи месечно ќе има плата од 8000 евра.

Гуџуфи во изјава за ТВ21 посочува дека поради напорната работа и максималната посветеност на натпреварите, пристигнал денес да игра под дресот на турскиот гигант Бешикташ.

„Во Бешикташ пристигнав со работа и давајќи го максимумот на секој натпревар. Имав цел да достигнам повисоко ниво и го постигнав тоа, но морам да постигнам уште повисоко ниво“, рече Гуџуфи за ТВ21.

Тој вели дека има желба за да успее и да продолжи да го дава максимумот на секој натпревар бидејќи има за цел да постигне уште повисока цел.

„Мојата желба е да играм за Манчестер Сити и да играм со играчот Нејмар. И, ќе го постигнам тоа со работа“, истакна Гуџуфи.

Неговиот последен клуб е Беласица, а потекнува од фудбалската школа на Вардар каде што играше за младите категории.