Ѓузелов: Иселувањето, извесноста на резултатите и заситувањето кај гласачите се причините за падот на излезноста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, главна тема беше за првиот круг локални избори. Разговаравме со политикологот Борјан Ѓузелов, потоа со професорот Берат Дехари и со политичкиот аналитичар Никола Србов.

Првото прашање кое им го поставивме на соговорниците беше на што се должи ниската излезност во првиот круг. Ѓузелов рече дека се должи на три фактори.

„Има неколку тези кои може да ги изложиме, најпрво има еден очекуван пад на излезноста во споредба на изминатите изборни циклуси, и ова е првпат да биде под 50%, тоа се должи делумно на иселувањето, па така забележуваме во одредени печалбарски краеви не може да се дојде ниту до минимум на гласови, но исто така се должи дека овие избори немаше некоја голема неизвесност, и веројатно на некои гласачи кои немаат силни фаворити, таа извесност кај многу граѓани влиајеше дека нема да значи ништо посебно нивниот глас и нема да промени. И, секако трет фактор дека постои заситување кај електоратот и бројот на неважечки ливчиња може е показател, нема кандидат кој е вреден за нивниот глас“, изјави Ѓузелов.