Политикологот Борјан Ѓузелов во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека СДСМ требало да профитира од тоа што на власт во Скопје досега била Данела Арсовска, кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ пред четири години.
„И денеска имаме ѓубре по улиците, и за жал СДСМ не успеа доволно добро да најде некој кандидат кој ќе биде пандан на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и не успеаја да мобилизираат гласови, наспроти тоа Левица излезе со еден афирмативен и различен кандидат што беше до сега нивната политичка реторика, многу помалку радикален и за нив ако пак тргнеме кои се очекувањата, кои се апетитите на партиите, сепак, јас би рекол дека за нив е голем успех да добијат втор круг на локални избори во Скопје. Затоа што Левица не може да се спореди со СДСМ во смисла на финансирање, пристап до медиуми, итн. За нив неспорно е голем успех. Во вториот круг не очекувам некои големи изненадувања, и мислам дека Орце ќе издвојува победа. Но, ова беше еден интересен момент во релативно извесните и неинтересни избори“, изјави Ѓузелов.
