Зголемено чекање е регистрирано на влез во земјава од грчка страна, по враќањето на македонските граѓани од продолжениот викенд.
Причина за застојот е воведувањето на новиот систем за влез и излез (EES), кој од 10 април целосно се применува и предвидува дигитална регистрација наместо рачно печатирање на пасошите.
Од граничниот премин „Дојран“ информираат дека на македонска страна нема задржувања, додека сообраќајот од грчка страна се одвива побавно, особено во попладневните часови.
Новиот систем вклучува електронска евиденција и биометриска проверка, со фотографирање и земање отпечатоци од прсти, како и автоматска контрола на дозволениот престој од 90 дена во период од 180 дена.
