Гвардиола: Мојата тренерска кариера во Барселона е завршена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Додека трае трката за новиот претседател на Барселона, кандидатите даваат многу ветувања. Едно од тие е враќање на Пеп Гвардиола на клупата на каталонскиот тим.

Но, Гвардиола сигурно ќе ги разочара, како кандидатите, така и навивачите со денешната изјава по мечот со Шефилд Јунајтед.

„Мојот период на тренирање на Барселона е завршен. Кога правам нешто, го правам еднаш. Тоа е завршена работа“, рече Гвардиола, кој напомена дека ќе оди во клубот, но никогаш нема да го води.

„Тоа е мој град, мој клуб. Секако дека ќе го посетам и градот, и клубот, но нема никогаш повеќе да го тренирам“, вели актуелниот тренер на Манчестер Сити.