Хакиран профилот на австралискиот премиер на мрежата WeChat

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Австралија ја обвини социјалната мрежа WeChat дека го презела профилот на премиерот Скот Морисон и ги насочила неговите следбеници на страницата за кинеските државјани во Австралија.

Ова денеска го потврди претседателот на Мешовитиот одбор за разузнавачки и безбедносни прашања на австралискиот парламент, Џејмс Патерсон.

Тој кажа дека профилот на Морисон е „преземен и ребрендиран“, пишува Си-Ен-Ен.

-Неговиот профил е хакиран, потврди тој.

Патерсон додаде дека налогот на премиерот сега  ги пренасочува неговите следбеници на налогот „Австралиски кинески нов живот“.

WeChat е една од најкористените апликации за пораки во Кина, која во 2020 година броеше околу 1,2 милијарди корисници месечно.

Огромното мнозинство од нив се наоѓаат во Кина, но, исто така, мрежата е популарна и меѓу кинеската дијаспора