Хамас ги осуди израелските сили што ги спречија палестинските христијани да дојдат во Ерусалим и да учествуваат во богослужбите на Цветници, кои го означуваат почетокот на христијанската страстна недела и водат до Велигден, пишува Ал Џезира.
Во соопштението, Хамас ги повика црквите ширум светот да ги осудат акциите на Израел и неговите „континуирани напади врз слободата на вероисповед и пристапот до светите места“.
Според агенцијата Вафа, пристапот до Ерусалим бил строго ограничен за христијаните од окупираниот Западен Брег поради израелската контрола врз слободата на движење на Палестинците.
Во најголем дел, само на жителите на Ерусалим и на палестинските граѓани на Израел им беше дозволено да присуствуваат на миси во црквата на Светиот гроб во Стариот град.
