Хаос на улицата 11 Октомври во Кичево, жителите на мака со паркираните автомобили кои се насекаде

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Улицата 11 Октомври во Кичево е пренатрупана со автомобили кои се паркирани насекаде. Во попладневните часови се создава гужва и жителите кои живеат овде немаат каде да паркираат ниту можат да излезат доколку имаат потреба, бидејќи автомобилите им се блокирани од другите паркирани автомобили. Во овој дел се влезовите на зградите, но и задните влезови од локалите кои се наоѓаат во долниот дел од зградите поради што се создава овој хаос од автомобили.

Има случаи кога ниту Брза помош ниту пожарникарите не можат да интервенираат поради хаосот кој се создава овде. Жителите исто така се на мака поради гласната музика од локалите.

Прашавме во полициската станица во Кичево. Од таму потврдуваат дека речиси секој ден имаат пријави за овој проблем. Полицијата интервенира во тие моменти но ситуацијата и натаму е иста.