Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, е осуден на 17 месеци затвор за кривични дела поврзани со попречување на правдата. Пресудата беше објавена по завршувањето на судското рочиште во Специјализираните совети во Хаг, каде што се судеше и на четворица негови сообвинети.
На истото судење, Башким Смакај и Фадил Фазлиу добија по 12 месеци затвор, додека на Хајредин Кучи му е изречена условна казна затвор од еден месец.
Исни Килај беше ослободен од обвинението и судот го прогласи за невин.
