Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 25 години затвор од Специјализираните совети на Косово со седиште во Хаг.
Судскиот совет го прогласил Тачи за кривично одговорен за повеќе воени злосторства, меѓу кои незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и незаконско убивање, извршени за време на војната во Косово.
Пресудата е објавена во текот на судското рочиште во Хаг, како дел од постапката против поранешните високи функционери на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
Тачи беше еден од четворицата поранешни лидери на ОВК на кои им се изрекуваат пресуди во овој предмет, кој со години се водеше пред Специјализираните совети во Хаг.
