Хеликоптерот кој се урна во реката Хадсон во Њујорк, при што загинаа шест лица, имал механички проблеми со месеци пред несреќата, објавија денеска американските медиуми.
Според податоците на Федералната управа за авијација (FAA), хеликоптер Bell206L во сопственост на New York Helicopter имал проблем со преносот во септември минатата година.
Податоците покажуваат и дека хеликоптерот е произведен во 2004 година, а зад себе имал повеќе од 12.700 часови лет.
