Хепатитот „тивок непријател“ – се нудат бесплатни контроли за спречување на болеста

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Статистиката во земјава бележи 83 случаи на хепатитис генерално, 43 случаи на хепатитис Б и уште 63 случаи на хепатитис Ц. Министерот за здравство Фатмир Меџити оваа болест ја нарекува „тивок непријател“, притоа нагласувајќи дека раната дијагноза е клучот за превенција на болеста.

Директорката на Гастроентерохепатологија рече дека е важно сите заболени од хепатитис Ц да ја добијат потребната терапија бидејќи таа го спречува создавањето рак на црниот дроб.

Во борбата против оваа болест, покрај дијагнозата, многу е важна и адекватната терапија, поради што беше нагласена потребата од ревизија на позитивната листа на лекови. Во оваа насока министерот Меџити истакна дека комисијата е формирана, треба да се именува претседател на таа комисија и да почнат да аплицираат заинтересираните компании.

Инаку, денеска беше светскиот ден на борба против хепатитис, а граѓаните имаа можност да се тестираат за хепатитис А, Б, Ц и ХИВ во Центарот на Скопје.