Хермелините во „војна“ со пожарот кај Блаце – „пожарот започна во близина на патот – се сомнева дека човечкиот фактор е причината“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во неделата наутро беше промовирани воена опрема, пренаменета во противпожарни возила, но веќе напладне ги пречека и првата реална интервенција. Во неделата околу 14 часот беше пријавен голем пожар на ридовите кај Блаце. Екипите на пожарникари се бореа цела ноќ, но и денес продолжува горењето на планините.

„Напладне во понеделник температурата достигна околу 37 степени Целзиусови, а сѐ уште има активни жаришта во планините кај Блаце, и покрај напорите на пожарникарските и воените единици кои им се приклучија на екипите на терен, се обидуваат да го изгаснат пожарот и од земја и од воздух.“, вели репортерот на ТВ21.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Алиу, изјави дека во моментот има четири активни жаришта. Според него, вчера биле локализирани уште 21 жариште, исто така на територијата на селото Блаце.

„Од утрово се ангажирани три хеликоптери – два од полицијата и еден од армијата за гасење на пожарот, и веруваме дека во текот на денот ќе биде ставен под контрола. Присутни се и пожарникарската бригада од Скопје, екипите на Дирекцијата за заштита и спасување со возилата што ги промовираше премиерот, тука се два. Три хеликоптери, општинските власти и Црвениот крст се вклучени, како и Волонтерското здружение ‘Бајрам Шабани’ од Чаир.“, вели Мухамед Алиу.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека станува збор за стрмен планински терен на 1.000 метри надморска височина каде што ветерот дополнително го забрзува пожарот. Се трудат да го локализираат за да не се прошири кон населените места. Директорот Стојанче Ангелов вели дека пожарот започнал од патот, и се сомнева дека причината е човечки фактор.

„Во однос на причините, наутро објавив дека можно е да се работи за фрлена цигара. Зашто вчера бев на местото на настанот, отприлика 20 минути по појавата на пожарот, иако тоа не го објавив тогаш. Пожарот почнал, според тоа што можев да видам, за жал веќе пет години го гледам ова, покрај магистралниот пат кон граничниот премин „Блаце“, и најверојатно е или отпадок од цигара или намерно палење, не ја исклучуваме и таа можност, а се ширеше нагоре кон планината.“, вели Стојанче Ангелов.

Властите предупредуваат дека постои опасност од пожари и на други планински подрачја поради високите температури, но и поради невниманието на луѓето. Иако од 1 јули до 31 август е на сила целосна забрана за движење по планини токму за да се избегнат намерни или ненамерни пожари. Од Министерството за земјоделство потсетуваат дека за прекршување на оваа забрана, лицата што ќе бидат фатени во планина согласно член 106 од Законот за шуми ќе бидат казнети со парична казна од 1.500 до 2.000 евра