Работите за автопатот Скопје – Блаце никако да почнат. Со години се зборува за овој проект а ветените рокови неколку пати се одложуваа. Аријанит Хоџа од Движење Беса ја обвини ДУИ дека 10 години во секоја изборна кампања промовира проекти за автопати кои не ги реализира.
„Јас ќе спомнам три проекти кои се најмалку 10 години во вашата програма и не се реализирани. Патот Скопје – Блаце, патот на Арбер кого го заврши Албанија, стигна до Дебар, а вие се уште немате визибилити студија до каде треба да оди патот, потоа патот Тетово- Јажинце кој се поврзува со Косово и кој за жал се спомна во тогашните бомби.“, рече Хоџа.
Хоџа исто така го праша Бујар Османи за инволвираноста на еден функционер од ДУИ во застојот на патот Скопје – Блаце.
Аријанит Хоџа: Дали беше пречка за патот Скопје – Блаце вмешаноста на некој функционер од ДУИ на земјиште кое треба да се отуѓи, кажете јавно.
Бујар Османи: Никогаш, со сета морална одговорност.
Аријанит Хоџа: ова прашање кое се дискутираше затоа го поставив јавно.
Бујар Омани: Апсолутно тоа е лажна вест, единствен проблем беше немањето проект и проектирањето кое одзема многу време, како и обезбедувањето финансии што се направи во овој период и е подготвен проект за 2км и е во тековна подготовка и втората фаза од проектот. Мислам дека за оваа работа нема враќање назад.
Османи рече дека работите ќе почнат овие денови.
„Јас очекувам следниве денови, значи оваа недела или почетокот на другата да почнат подготовките за отстранување на земјиштето.“, рече Османи.
Потоа следи отуѓување на земјиштето, на местата каде ќе се гради автопатот, за што жителите на Блаце изразија незадоволство за ниската цена која им ја понуди државата.