Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа, денеска на прес конференција поднесе оставка од својата функција.
На новинарско прашање околу тоа дали знаат каде се наоѓа пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи, Хоџа истакна дека апсолутно не знаат.
„Тоа што е напишано како Фејсбук статус од него, тоа е последната негова појава. Ние очекуваме да се врати, како што најави во понеделник, да ги објасни своите постапки кои очигледно се различни од тоа што сме се договориле и различни од тоа што ставил потпис на иницијативата“, порача Хоџа.
