Поранешниот шеф на холандската разузнавачка служба Дик Шуф денеска положи заклетва како премиер на местото на Марк Руте (57), кој по 14 години на таа функција ќе стане генерален секретар на НАТО.
За прв пат по Втората светска војна, Холандија е предводена од премиер кој не е поврзан со ниту една политичка партија.
Пред да биде шеф на разузнавачката служба, Шоф беше шеф на службата за борба против тероризмот и шеф на службата за имиграција.
Новата десничарска коалициска влада ја презема функцијата само седум месеци откако екстремно десничарската антиимигрантска и антиисламска партија на Герт Вилдерс изненадувачки победи на изборите.
Четирите партии во владејачката коалиција се Партијата на Вилдерс за слобода, Десничарската Народна партија за слобода и демократија на Руте, популистичкото движење Граѓани на фармерите и центристичката партија Нов социјален договор.
