Ова сигурно не би била вест во Холандија, но на овие простори и дефинитивно е. Холандскиот премиер Март Руте оди на работа со велосипед, а во петокот беше „фатен“ од еден случаен минувач.
Руте мирно чекаше да помине со велосипед, немаше околу него никакво обезбедување ниту полициска патрола.
Холандија е една од земјите каде што велосипедот се користи како главно превозно средство, особено низ Амстердам.
Откако виде дека го снимаат, само ги поздрави, и продолжи.
Ова е секојдневна рутина во северно-западните европски земји како Холандија, Белгија, и скандинавските Шведска, Данска, Норвешка, Финска…
