Хорор на Алпите: Лавина затрупа неколку луѓе!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На планината Ајгер на швајцарските Алпи денеска попладне лавина затрупа неколку лица, пишуваат странските медиуми. Според првичните информации, неколку лица се затрупани под снегот.

Службите за итни случаи започнаа голема операција за пребарување и спасување. Потрагата по исчезнатите сè уште е во тек. На местото на настанот има бројни хеликоптери и спасувачи, меѓу кои и кучиња трагачи.

Според првичните информации, најмалку едно лице е пронајдено и спасено и со хеликоптер пренесено во долината. Кантоналната полиција засега не може официјално да го потврди ова бидејќи операцијата сè уште е во тек. Во потрагата учествуваат и хеликоптери Air-Glaciers, специјализирани за алпски интервенции.