Холандската полиција во средата попладне пронашла обезглавено тело на 63-годишна жена во нејзиниот дом во градот Хелевутслојс, а набргу потоа и го уапсила нејзиниот син.
Како што пренесуваат холандските медиуми, полицијата на автопатот меѓу Ротердам и Делфт го запрела автомобилот на 31-годишен маж од Димен и во возилото нашла глава на жена.
Осомничениот е уапсен и приведен во полициска станица, пишува НЛ Тајмс.
