„На 73 седница, Владата донесе одлука за отворање на угостителските објекти, или поконкретно хотелите. За да одиме на одмор во еден хотел во Охрид или Струга треба да ги следиме овие препораки. На почеток треба да ги исчистиме нозете во поставеното стредство за дезинфекција, потоа одиме понатаму и држиме дистанца од 1.5 метри доколку некој е пред нас. Овде треба да ги дезинфицираме рацете со средство за дезинфекција. Откако ќе го направите тоа следува процедурата за регистрација“, истакна репортерката на ТВ21.
Но многу е мал бројот на туристи кои ги посетуваат хотелите во Охрид во време на пандемијата, вели Марјан Трпески, менаџер на хотел. Тој рече дека имаат многу малку гости кои биле од земјата, а имале гости и од Албанија, Србија и Бугарија. Трпески ни раскажа и за другите правила кои требаа да се почитуваат во хотелот.
Малиот број на туристи кои го посетуваат охридското езеро оштети многу бизнисмени кои ја чекаат летната сезона за да работаат. Сопствениците на чамците или бродовите за крстарење по охридско езеро се жалаат дека немаат туристи и стравуваат дека целата сезона ќе биде ваква.
Иако летната сезона почна и хотелите се отворија за гости, сепак на шеталиштата и плажите во Охрид може да се забележи мал број на туристи во споредба со истиот период минатата година.