Овој период од годината, за оние кои се алергични на полен, е резервиран за чешање на очите, постојано кивање и назална конгестија.
Почетокот на сезоната на алергии може да биде прилично непријатен за некои луѓе. Ако страдате од сезонски алергии, може да забележите дека одредени оброци или закуски ги влошуваат вашите симптоми.
Тоа се вика синдром на орална алергија (ОАС), изјави за „Лајвстров“ д-р Килфорд Басет, основач и медицински директор на „Алергија и нега на астма“ во Њујорк.
„ОАС опишува алергиски реакции кои обично се јавуваат по конзумирање на одредени неварено овошје, ореви, зеленчук или зачини кај луѓе кои се чувствителни на полен“, вели тој.
