Денеска е посебен ден за мене, бидејќи мојот син полни седум години, коментира поранешниот министер за правда на Бугарија и копретседател на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Иванов коментираше дека дошол со голема желба да ја поттикне Бугарија на следната генерација да и остави земја што носи надеж и гордост.
Тој ги повика сите бугарски граѓани да излезат и да гласаат.
– Не треба да дозволиме обиди за сузбивање на излезноста. Одете на гласање, лесно е, рече Иванов, додавајќи дека „не можеме да дозволиме некој друг да одлучува за нашата држава“.
Според Иванов, одлучувачко ќе биде формирањето на новата влада на Бугарија, не само поради кризите – Ковид и инфлацијата.
– Бугарија има многу можности, бидејќи за неколку години можеме да ја промениме државата, додаде Христо Иванов.
