ХРВ: Хунтата во Мјанмар ја блокира хуманитарната помош

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Воената хунта во Мјанмар ја блокира очајно потребната хуманитарна помош за милиони раселени луѓе и бегалци низ целата земја, обвини денеска Хјуман рајтс воч (ХРВ).

Во извештајот на ХРВ се наведува дека хунтата изминатите неколку месеци вовела нови ограничувања за патување на хуманитарните работници, блокира пристапни патишта и конвои со помош, уништила невоени резерви, нападнати се хуманитарни работници и прекинати се телекомуникациските услуги.

– Генералите бесчувствително одбиваат помош за спасување на луѓето погодени од конфликтот, како форма на казна, изјави Шајна Бахнер од ХРВ.

По воениот удар на 1 февруари, граѓаните на Мјанмар организираа масовни протести, а армијата почна брутални напади и рации врз демонстрантите, при што убиени се најмалку 1.300 луѓе, а уапсени се над 10.000 граѓани.

Според ХРВ поради пучот раселени се над 284.000 луѓе, а околу 22.000 луѓе пребегале во Индија и Тајланд