Бројките на заразени и починати низ светот се уште растат. Италија поради ширењето на епидемијата ги прошири мерките и ја стави целата земја во карантин, а на граѓаните им е забрането движење.
На денешната прес конференција истакнато било дека има уште една личност заболена од коронавирус.
Се работи за лице кое е сместено во болница во Пула, а пристигнала од Италија заедно со првозаразениот, известува националниот штаб за цивилна заштита. Ова е потврдениот 14 случај на заразено лице во Хрватска.
