Хрватска нема да дозволи влез на македонски туристи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хрватска ги отвори границите кон ЕУ и остана недостапна за остатокот од Балканот.

Границите на Грватска сега се слободни за туристи од 10 земји и тоа: Словенија, Унгарија, Австрија, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска и Германија.

На овој список не е и Македонија.

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ истакна дека согласно промените на состојбата со епидемијата во разни земји ќе се менува и утврдениот список на држави од каде Хрватска ќе дозволи влез на туристи.

Инаку, Словенија објави список на земји од каде на туристите ќе им биде дозволено да летуваат, но сосема исто како и Хрватска, и овие граници ќе останат затворени за македонските граѓани.