Голем број на млади луѓе од целиот свет со години одат на омилената хрватска плажа за забави, познатата Зрче.
Но во последните две години веќе ништо не е исто поради пандемијата, па така од „Ноа Бич Клубот“ порачаа: „Зрче станува место само за вакцинирани“.
Што оваа порака подразбира, зборувала ПР на Ноа клубот, Јосипа Жижиќ.
„Задоволни сме, иако тоа не е вообичаено ниво на кое беше претходно. Навистина сметаме дека сме во најпогодениот вид на лица од светот на музиката и уметноста. Сите се бориме со исти проблеми. Добро е што ја започнавме сезоната, и што нашите вработени работат, имаат работа. Ја прилагодивме понудата. Вакцинираните добија националната ознака “Stay safe in Croatia” за сигурносни протоколи во туризмот и угостителството“, рече таа.
Тие не дозволуваат влез во клубот без потврда за вакцинација. Од клубот велат дека во план е да воведат и брзо тестирање на гостите.
