Хрватска протера 18 руски дипломати

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Хрватска протера 18 руски дипломати и шест членови на административно-техничкиот персонал, соопшти денеска Министерството за надворешни работи и европски работи.

Хрватска денеска му врачи нота на рускиот амбасадор во Хрватска, со која ја информира Русија за намалувањето на бројот на дипломатски и административно-технички персонал во Руската амбасада во Загреб.

Хрватското Министерство за надворешни работи денеска уште еднаш „најостро“ ја осуди „бруталната агресија врз Украина и бројните извршени злосторства“.