Хрватска се простува од куните – да се потсетиме на најкраткото траење на оваа банкнота

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На првиот ден од 2023 година, Хрватите се збогуваат со куната засекогаш.

Во време кога привршуваат последните подготовки за замена на куната со евро, односно кога на националната валута и остануваат уште два месеци, малкумина се сеќаваат дека не сите банкноти куни ги завршиле сите 28 години во оптек.

Виолетовата банкнота од 10 куни имаше најкраток рок на траење во Хрватска.

Стана платежно средство на 30 мај 1994 година кога е воведена куната, а веќе на 15 јануари 1995 година е издадено ново со промена на основната боја која оттогаш е кафеава.

Промените на сите други банкноти главно се состоеле од промена на името на централната банка од Народна банка на Хрватска во Хрватска народна банка, како и името на гувернерот и датумите на издавање, а оваа промена на бојата, според информациите што кружеа во тоа време, беа предизвикани од големата сличност на таа банкнота со 10-те германски марки, што отвори простор за забуни и ситни измами со размена на тие две банкноти.