Дојави за бомби во Хрватска примиле неколку судови на подрачјето на Загреб, Вараждин, Дубровник, Сплит и Пула. Во тек е евекуација на вработените.
Во дојавите имало закани и за бомба во Владата, пишува „Индекс“.
„Во судот е поставена бомба. Ќе ја срушиме и Владата. Не сме во војна со обичните граѓани, затоа напуштете ја зградата. Не ни треба смрт, туку целта е уништување на зградата. Немојте да го игнорирате ова“, стоело наводно во пораката на заканувачот.
