И денеска пороен дожд попладне, грмежи и појава на град

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 21 до 30 степени.

Во Скопје, променливо облачно, околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за поинтензивни процеси и појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.