И денеска пролетни температури, максималната до 23 степени

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне
облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, претпладне сончево со услови за слаба утринска магла, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а
максималната ќе достигне до 20 степени.