И денеска високи температури – до 41 степен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен и западен правец, особено во западните делови.

Попладне во североисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 41 степен.

Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне 38 степени