И натаму не се отстранети политичките реклами, помина рокот за нивно отстранување, дали некој ќе биде казнет?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Предвремените парламентарни избори се одржаа на 15 јули и оттогаш поминаа еден месец но рекламниот материјал на политичките партии се уште не е отстранет иако поминат е 30 дневниот рок.Надлежностите за поставање и отстранување на изборните реклами ги имаат самите политички партии.Во спротивно организаторите на изборните кампањи треба да бидат санкционирани.

„Во Кичево, но и во другите градови, иако помина 30 дена од одржувањето на изборите, политичките реклами се уште се залепени на јавни места и електричните столбови на автопатот но и во градовите.“, јавува репортерот на ТВ21.

Член 79 од Изборниот законик предвидува организаторите на изборната кампања да го отстранат сметот од плакатите во рок од 30 дена.

„Организаторот на изборната кампања е должен во рок од 30 дена по завршувањето на изборите да го отстрани сметот од плакатите.“

Ова реклама во Кичево е од 2017 година кога се одржа локални избори.
ТВ21 контактираше николку политички партии. Тие ни рекоа дека ги отстраниле повеќето од изборните материјали но одреден дел останал поради одморите. Според нив, материјалите кои останале треба да ги отстранат Јавните комунални претпријатија.
Законот предвидува казни доколку тие не бидат отстранети.

„Глоба во износ од 500 до 2.000 евра во денарска противвредност за прекршок ќе се изрече на организаторот на изборната кампања, ако во рокот утврден во членот 79 став (2) од овој законик не го отстрани сметот од плакатите.“

Изборни реклами има во сите села и градови во земјата, но и на автопатите.