И оди или не на економијата: Власта и опозицијата во клинч – Мицкоски очекува раст на БДП од 4 и 4,5%

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Власта и опозицијата во клинч – и оди или не и оди на економијата. Премиерот Христијан Мицкоски оптимист – вели годината ја завршивме со 2,8% раст на БДП, а не би се изненадил ако за првиот квартал тој раст биде помеѓу 4 и 4,5 %.

-Овие индиактори кои што се појавуваат укажуваат на тоа дека сме дојдени до состојба „0“, имаме 1,255 милијарди евра странски инвестиции за претходната година од кои рекордни 400 милиони во четвртиот квартал, со што повторно сме земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот и во првите три во Европа. Некои ни предвидуваа ниту 1% нема да имаме раст на БДП, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Опозицијата пак со обвинувања – економијата тоне, животниот стандард на граѓаните драстично се влошува, а власта покажува неспособност и целосна незаинтересираност за кризата која самата ја предизвика.

-Клучните економски параметри покажуваат дека на македонската економија не и оди, дека граѓаните имаат се помалку пари. Инфлацијата е зголемена и изнесува 5%. Цените на храната се зголемени за 20%. Индустриското производство е во пад од 1,4% а извозот е намален за 5,9%. Платите стагнираат, нема зголемување ниту на минималната ниту на просечната плата, изјави Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ.

Државниот завод за статистика пак измери дека инфлацијата во февруари е 5% во одос на февруари лани. Поскапело речиси се. Најмногу, за 6,6% храната и пијалоците. Сепак за премиерот овие бројки се однесувалат на период кога не беша на сила владината мерка за ограничување на маржите. Очекува пониска инфлација во март.